Благодети на чаевите од брусница и нане

21.09.2021 11:24

Свежите, смрзнатите или сушените брусници, како и сокот од плодовите се природен антибиотик кој ги уништува штетните бактерии и габички во телото...

Брусницата е растение, чии плодови се природен антибиотик. Плодовите од брусницата се богати со различни заштитни материи, содржат минерали како калиум и содржат витамини А и Ц, како и растителни влакна. Црвените топчести плодови имаат киселкаст вкус, кој произлегува од големата количина на витамин Ц, која ја содржат во себе.

Свежите, смрзнатите или сушените брусници, како и сокот од плодовите се природен антибиотик кој ги уништува штетните бактерии и габички во телото.

Биофлавоноидите имаат посебно антибактериско дејство. Така, бројни истражувања покажаа дека брусницата може да ја спречи инфекцијата на уринарните патишта.

Состојките во брусницата го намалуваат ризикот од разни типови на карциноми, како што се карциномот на дојката и дебелото црево.

Брусницата има способност за многу кратко време да ги ревитализира и обнови ќелиите кои поради одредени причини биле заболени, а неодамнешни истражувања докажаа и дека брусницата е одличен антиоксиданс кој го намалува брзото растење и понатамошното ширење на клетките заболени од рак.

Чај од нане

Една од најпознатите лековити билки од нашето поднебје е нането. Без оглед на тоа што е коров, потполно е сигурна за употреба и е многу добро средство за смирување на различни здравствени тегоби, а покрај тоа има пријатен вкус.

Чајот од нане се употребува како помошно средство за намалување на симптомите на лошото варење: грчеви, надуеност, нервоза во желудникот, надразнати црева, повраќање. Може да ги олесни менструалните тегоби, да помогне кај воспалението на слузокожата во устата, а како облик на инхалатор поволно делува на дишните патишта и често се препорачува како средство против несоница. Облогите од нане се користат за уморни и црвени очи. Нането може да се користи и за подобрување на апетитот.

После шолја чај, чувството на глад се запира на кратко време, но потоа апетитот се зголемува. Поради тоа на оние луѓе кои сакаат да ја зголемат телесната маса се препорачува да половина час пред јадење испијат шолја чај од нане.

Нането, освен како лековит чај се користи и како зачин за различни јадења, посебно за јадења со месо и месо од дивеч.