САД: Идната година прием на двојно повеќе бегалци

21.09.2021 11:32

Програмата се однесува само за бегалци од камповите на ОН, кои се избрани од американските безбедносни и разузнавачки агенции.

„САД следната година ќе примат 125.000 бегалци за да одговорат на потребите што ги поставуваат светските хуманитарни кризи“, соопшти денеска Стејт департментот.

Програмата се однесува само за бегалци од камповите на ОН, кои се избрани од американските безбедносни и разузнавачки агенции.

Неодамна САД евакуираа десетици илјади авганистански цивили како дел од повлекувањето на американската војска од Авганистан, што заврши на 30-ти август.