ДИК ги потврди кандидатските листи за претстојните локални избори
21.09.2021 12:50
Одбиени се само две за Охрид и за Струга. Утре ќе се изврши жребување за нивниот редослед на гласачките ливчиња...

Државната изборна комисија ги потврди кандидатските листи за претстојните локални избори. Одбиени се само две за Охрид и за Струга. Утре ќе се изврши жребување за нивниот редослед на гласачките ливчиња.
Партиите треба да го потпишат и кодексот за фер и демократски избори, што го усвои ДИК. Учесниците во изборниот процес ќе се обврзат, да ги почитуваат принципите на демократија и доброто владеење. Да не вршат притисок врз гласачите, да не се користи говор на омраза и да не се врши дискриминација врз основа на пол.
