Реми во Тетово
27.03.2014 19:07
Ренова и Еуромилк одиграа нерешено 1-1 во последниот натпревар од 24-тото прволигашко фудбалско коло.

Во дербито на екипите што се борат за опстанок во најсилната конкуренција, скопската долго водеше, уште од 32-та минута со голот на Јашаровски. Израмни Муслиу во завршните моменти од мечот на стадионот во Тетово. Денешните противници немаАт победа три средби по ред. а со тој ефект се уште се во опасната зона. Ренова е седма со 32 бода, исто колку што има и Брегалница, а еден помалку од шестопласираната Шкендија. Еуромилк е деветти со 31 бод и сака да се качи барем едно место, со тоа и да опстане во лигата. Македонија Ѓорче Петров има минимални шанси, а Напредок и Гостивар веќе се отпишани.
