„Брима“: Истражувањето не е платено од страна на Владата
Агенцијата за испитување на јавното мислење „Брима“ реагираше на овинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека Владата ја платила последната анкета и затоа резултатите се во прилог на СДСМ...

Агенцијата за испитување на јавното мислење „Брима“ реагираше на овинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека Владата ја платила последната анкета и затоа резултатите се во прилог на СДСМ.
„Ексклузивното право на користење на резултатите од истражувањето на Брима спроведено од 27 август до 9 септември 2021 не платено од Владата со пари од тендер од 120.000 евра, на кој Брима воопшто нема конкурирано“, стои во реакцијата.
Според анкетата, СДСМ има предност од околу 2 процентни поени пред ВМРО-ДПМНЕ. Опозициската партија обвини дека е наместена и има за цел, како што велат оттаму, да го утеши разорачаното членство на СДСМ од извесниот пораз на изборите.
Според СДСМ пак, анкетата е показател дека граѓаните ги препознаваат политиките на владата предводена од социјалдемократите и премиерот Заев.
