Македонија

Oризопроизводителите од кочанско протестираат заради ниската откупна цена

21.09.2021 13:55

Ниска откупна цена на оризаовата арпа, скапи репроматеријали и неоткупен род од минатата година. Оризопроизводителите од кочанско протестираат и бараат од владата најниска откупна цена од 25 денари за килограм, стопирање на увозот и заштита на домашното производство. Со нова жетва не почнуваат се додека не им се остварат барањата...

Не е реализирано предизборното ветување за 25 денари откупна цена за килограм оризова арпа, откупувачите нудат 15 до 17 денари. Жетвата на оризот стартува за две седмици, а околу четвртина од ланскиот род остана неоткупен. Нашето трпение е на крај, велат оризопроизводителите кои денес го блокираа регионалниот пат Штип – Кочани.

Оризопроизводството значи егзистенција за околу десет илјади луѓе од кочанско. Годинава оваа култура ја има на околу четири илјади хектари, а родот е просечен околу 500 килограми од хектар.

Доколку надлежните не понудат решение, оризопроизводителите најавуваат уште помасовен протест идниот вторник , со долготрајна блокада на патот Штип – Кочани.

 

Славица Величковска