Двајца дипломати не го поминале ветингот во МНР
Двајца дипломати не го поминале ветингот, ќе им биде прекинат работниот однос. Не биле во групата за која Ерменија издаде меѓународна потерница. Министерот Османи објави првични резултати од почетокот на прочистувањето во МНР...
Двајца дипломати не го поминале ветингот, ќе им биде прекинат работниот однос. Тие не се во групата за кои Ерменија издаде меѓународна потерница преку Интерпол. Министерот Османи ги објави првичните резултати од почетокот на прочистувањето во МНР. Ветингот следува по скандалот со нашиот претставник во ОБСЕ кој е во притвор во Врање.
Османи додаде дека се прават темелни проверки за дополнителни шест лица, кои не побарале обнова навремено и имаат истечени сертификати. Од околу 500 вработени, само 116 навремено поднеле барање за обновување на сертификатите на шест месеци пред нивниот истек, но сѐ уште чекаат одговор од надлежните институции.
За скандалот со тројцата македонски дипломати, вицепремиерот за евроинтеграции и екс министер за надворешни Никола Димитров изјави дека истрагата ја водело МВР и дека министерството за надворешни нема законска надлежност да дава или да одзема безбедносни сертификати, затоа што тоа го прават безбедносните агенции.
Ана Јосифоска Тодоровска
