Жребување за редоследот на гласачките ливчиња
Државната изборна комисија на јавна седница врши жребрување на редоследот на кандидатите и советниците на гласачките ливчиња. В четврток партиите ќе го потпишат и кодексот за фер и демократски избори. На ковид инфицираните ќе им биде овозоможено гласање, откако Државната изборна комисија ги утврди правилата согласно измените во Изборниот законик. Се предвидува во посебните тимови да бидат вклучени и здравствени лица...

Според посебни напаствија на ковид инфицираните ќе им биде овозоможено гласање, откако Државната изборна комисија ги утврди правилата согласно измените во Изборниот законик. Тие предвидуваат во посебните тимови да бидат вклучени и здравствени лица.
Заболените ќе имаат право преку полномошник од семејството или доколку немаат роднина друго лице писмено или преку електронска пошта да ја известат Општинската изборна комисија пет дена пред одржување то на гласањето. Еден полномошник може да поднесе известување само за две лица , исто така да пријави само две лица преку една и- мејл адреса.
Комисијата е должна да ги проследи информациите до Државниот санитарен инспекторат.
Комисијата го усвои и правилникот со кој се зголемуваат овластувањата на полицијата во однос на примопредавањето на изборниот материјал. Беа усвоени и обрзаците за обезбедување, чување, ракување и дистрибуција на материјалите.
ДИК преку ждрепка го утврди редоследот во единствената листа на кандидати за градоначалници и советници. В четврток според најавите ќе биде потпишан и етичкиот кодекс.
Фиљана Кока
