Иванов се обрати пред граѓаните на Крушево
„Пред 5 години ја побарав и ја добив вашата доверба. Денес повторно стојам пред вас со чист образ и повторно ја барам за заедно да продолжиме да ја градиме Македонија. Чест ми е што се обраќам тука пред вас, од местото каде што започна борбата за слободна и независна Македонија. Каде под знамето на Крушевската република се бореа илинденците во 1903-тата, знаме кое потоа го преземаа борците од НОБ“ истакна денес кандидатот на ВМРО ДПМНЕ за претседател на Македонија, Ѓорѓе Иванов.
„Да се биде македонец значи почитување на сограѓанинот и заедничкиот живот на најдоброто од вредносниот систем на другиот. Тоа е моќта на оваа наша земја и оваа наша заедничка кауза. Да се биде македонец, значи да се биде толерантен и да се почитуваат културата и обичаите на другиот“ дел од браќањето на Иванов
Тој пред крушевчани кажа дека програмата со која се претставил во 2009-тата е целосно стварена дури и многу други работи кои не биле предвидени а биле остварени.
„Бев претседател на сите граѓани, безразлика на етничката, верскта или било која друга припадност. Никогаш не заборави на граѓаните на РМ. Во овие 5 години, во мојот кабинет, поминаа повеќе од 5 илјади луѓе“ рече Иванов
Приоритетна цел ќе бу биде економскиот раст и развој на Македонија.
„Работевме тимски со владата и министерствата, покажавме како се сака и како се прави за Македонија“ додаде Иванов
