Регион

Вучиќ од ЕУ ќе бара да одговори дали постои Бриселскиот договор

21.09.2021 16:36

Србија бара повлекување на косовските полициски трупи од северот на Косово, ситуацијата да се врати во претходата состојба, а потоа во Брисел да се разговара за се и ако е можно да има договор, додавајќи дека го отфрлил предлогот што го добил вчера од ЕУ, како треба да изгледа, „наводното компромисно решение“.

По седница на Советот за национална безбедност на Србија, поврзана со ситуацијата околу одземањето на регистарските таблички од северно Косово и Р.Србија и присуство на специјалните косовски воружени сили на административните граници, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека од ЕУ ќе побара во рок од еден месец да ѝ одговори на Србија дали постои Бриселскиот договор или не, што е еден од условите за продолжување на дијалогот.

„Ќе побараме итен одговор од претставниците на ЕУ за тоа дали постои Бриселскиот договор, кога ќе се формира Заедницата на српски општини, и тој одговор ќе го побараме во наредните месец дена. Нивното молчење ќе го протолкуваме дека Бриселскиот договор не постои и дека не сакаат да се формира ЗСО“, изјави Вучиќ.

Србија бара повлекување на косовските полициски трупи од северот на Косово, ситуацијата да се врати во претходата состојба, а потоа во Брисел да се разговара за се и ако е можно да има договор, додавајќи дека го отфрлил предлогот што го добил вчера од ЕУ, како треба да изгледа, „наводното компромисно решение“.

„Според предлогот, Албанците би се откажале 70 отсто од она што имале намера да го направат на административна линија, но би вовеле 20 до 30 проценти од новите мерки. Го отфрлив затоа што сум уморен од политиката на свршен чин, не можете така да разговарате со Србија“, нагласи Вучиќ.

Тој порача дека Србија бара повлекување на косовските полициски трупи од северот на Косово, ситуацијата да се врати во претходата состојба и дека ќе ѝ остави на Приштина некое време да ги смени своите лоши одлуки, додавајќи дека Србија во следните неколку дена ќе ги разгледа мерките против Приштина, а потоа ќе излезе со нив.

 

Оливер Бранковиќ, дописник од Белград за МРТ