Финансиска поддршка

Субвенции за нови лозови и овошни насади

22.09.2021 10:02

Тече пријавувањето за субвенции за нови лозови и овошни насади. Поднесувањето на барањата ќе трае од крајот на овој месец, а земјоделците кои инвестирале во ова производство ќе добиваат финансиска поддршка до 2,5 милиони денари.

До 30-ти септември лозарите и овоштарите ќе можат да аплицираат за финансирање на нови насади подигнати од 1-ви септември 2020-та до 31-ви март годинава.

Субвенциите се од 50 до 75 проценти во зависност дали се работи за млад земјоделец и дали овоштарникот или лозјето се наоѓаат во земјоделско неразвиено подрачје.

Право на овие пари имаат регистрираните земјоделци. Аплицирањето е по електронски пат, а еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две од целата Програма за рурален развој.

Услов за да се добијат парите е овоштарите да имаат подмирени финансиски обврски кон министерството за земјоделство и платени пашарина и водарина.

Барателите со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот и времето на аплицирањето.

 

Методија Трајков