Здравство

Се намалува бројот на заразени со Ковид-19

22.09.2021 10:25

За една недела се регистрирани 3.340 нови позитивни случаи од 32 градa во државата, за 3,7 насто помалку од минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 7,8 насто до 14,3...

Се намалува бројот на заразени со Ковид-19, за една недела се регистрирани 3.340 нови позитивни случаи од 32 градa во државата, за 3,7 насто помалку од минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 7,8 насто до 14,3.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, од 13 до 19 август од вирусот починале 154 лица, најголем дел од Скопје. За 50 насто раст на бројот на заболени млади, за само една недела. Вкупната бројка на ковид- дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 187.622.

Намалувањето на бројот на новозаболени од Ковид-19 е резултат на создаден имунитет од прележување и на вакцинацијата- вели за МТВ директорот на Институтот за имунологија, Александар Петличковски. Вели, ако се реализира новата мерка - две дози да бидат услов за влез во објекти, имунизацијата ќе се поттикне.