АВСТРАЛИЈА
Земјотрес во близина на Мелбурн
22.09.2021 10:32
Епицентарот е регистриран кај градот Мансфилд, на длабочина од 10 километри.

Земјотрес од околу 6 рихтери погоди регион во близина на Мелбурн. Епицентарот е регистриран кај градот Мансфилд, на длабочина од 10 километри.
По првиот биле почувствувани два силни последователни потреси. Дел од населението останало без електроична енергија. Нема повредени, а не е издадено ни предупредување за цунами.
