САД
Бајден и Џонсон со заеднички пристап кон Русија и Кина
22.09.2021 10:51
На состанокот во Белата куќа разговараа и за дејствијата на сојузниците во Авганистан и заклучија дека треба да се искористат сите дипломатски можности за да се спречи хуманитарна криза во земјата.

Британскиот премиер Борис Џонсон и американскиот претседател Џо Бајден се согласија дека пристапот на двете земји кон Русија и Кина ќе продолжи да се базира на заедничките интереси на Лондон и Вашингтон.
На состанокот во Белата куќа разговараа и за дејствијата на сојузниците во Авганистан и заклучија дека треба да се искористат сите дипломатски можности за да се спречи хуманитарна криза во земјата.
Двајцата ја повторија улогата на Договорот за одбрана и безбедност АУКУС во промовирањето на мирот и стабилноста во светот.
