Македонија на 40 место во светот според индексот за мир

22.09.2021 11:09

Извештајот на Институтот за економија и мир ја претставува досега најсеопфатна анализа базирана на податоци за трендовите на мирот, неговата економска вредност и развојот на мирни општества.

Северна Mакедонија се најде на 40-то место по индексот на мир на Институтот за економија и мир за 2021-та година. Земјава бележи искачувања за 11 места од последниот извештај минатата година.

Извештајот на Институтот за економија и мир  ја претставува досега најсеопфатна анализа базирана на податоци за трендовите на мирот, неговата економска вредност и развојот на мирни општества.

Најмирна држава во светот е Исланд, следат Нов Зеланд  и Данска.  На Балканот највисоко рангирана е Словенија на 5-то место, Хрватска на 17-то, Романија на 25 и Бугарија на 27. Зад земјава се Србија на 44, Албанија на 48, Црна Гора на 51, Кипар на 61, Грција на 66, БиХ на 72 и Косово на 80-то место. Најнебезбедна земја е Авганистан на последното 163-то место.

Годинава глобалниот мир се влошил во 73 држави, а се подобрил во 87. Според извештајот, конфликтите и кризите што се појавија минатата деценија се намалуваат, но се појави нов бран тензии и неизвесност како резултат на пандемијата и заострените односи меѓу светските суперсили.