Учесниците на локалните избори утре ќе го потпишат кодексот за фер и демократски избори
Во трка се над 300 кандидати за градоначалници. За првпат, на денот на изборите ќе бидат применети терминали за отчитување на отпечаток од прст на гласачите. Единствениот избирачки список треба да биде заклучен во петок, на 24-ти септември, а една недела подоцна, на 1-ви октомври и потпишан.

Утре учесниците на локалните избори ќе го потпишат кодексот за фер и демократски избори, со обврска за позитивна кампања и без говор на омраза. Откако ДИК го утврди редоследот на учесниците на локалните избори на гласачкото ливче, до утре на полноќ треба да биде објавена единствената листа на кандидати.
Во трка се над 300 кандидати за градоначалници. За првпат, на денот на изборите ќе бидат применети терминали за отчитување на отпечаток од прст на гласачите. Единствениот избирачки список треба да биде заклучен во петок, на 24-ти септември, а една недела подоцна, на 1-ви октомври и потпишан.
Од понеделник партиите ја почнуваат изборната кампања која ќе трае до 15-ти октомври.
Поради Ковид-19, ќе се спроведат со почитување на протоколите за заштита од вирусот. Ден предходно ќе гласаат старите и изнемоштени лица и затворениците, лицата што се во карантин и во самоизолација.
