Сао Паоло подготвен за Бразил-Хрватска
27.03.2014 19:56
Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер потврди дека стадионот во Сао Паоло ќе биде подготвен за отворањето на Светското првенство во Бразил на 12 јуни.

При изградбата на Арената Коринтијанс со капацитет од 48.234 места за седење, загинаа двајца работници што предизвика доцнење во финансирањето и довршувањето на стадионот.
„Проблемот е решен, и тука ќе може да се одигра првиот натпревар на Мундијалот меѓу Бразил и Хрватска“, истакна Блатер на конгресот на УЕФА во престолнината на Казахстан, Астана.
„Купот на Конфедерациите лани беше жртва на социјалните немири, се надеваме дека тоа нема да се случи на Светското Првенство во Бразил оваа година“, истакна Сеп Блатер.
