Се одбележува европската недела на мобилност
Светски ден без автомобили. Од паркот Ибни Пајко тргна дефиле на велосипедисти по повод неделата на мобилност. Да се поттикне алтернативниот транспорт и велосипедизмот, како најекономично и еколошко превозно средство, оценија организаторите…

Продажбата на велосипеди откако почна пандемијата на Ковид-19 тројно се зголеми во земјата. Граѓаните го користат велосипедот за транспорт значително повеќе од претходните години. Велосипедистите потсетуваат дека им е потребна соодветна инфраструктура. Екологистите велат дека придобивките од велосипедизмот се огромни.
Од паркот Ибни Пајко тргна дефиле на велосипедисти по повод неделата на мобилност. Од Град Скопје велат дека треба да се поттикне алтернативниот транспорт и велосипедизмот како најекономично и еколошко превозно средство.
На денот без автомобили стотина скопјани на неколку часа се откажаа од автомобилите и на велосипеди го обиколија централното градско подрачје.
Mетрополата во последните години се повече станува велоград, а граѓаните го избираат ова превозно средство за да стигнат до посакуваната дестинација.
Александра Спировска
