Политика

Заев: Конкретни решенија со Бугарија до крајот на годината

22.09.2021 14:07

Премиерот Заев се надева дека до крајот на годината ќе има конкретни решенија со Бугарија за да се откочат евроинтеграциите. Шефот на владата категоричен- нема промена на учебниците по историја. Почитувањето на Договорот за добрососедство и дијалогот мора да продолжат...

Патоказот, потврда со дипломатска нота дека краткото име е исто што и долгото уставно име, немешање во внатрешните работи и преговарачката рамка на ЕУ со Бугарија. Ова се конкретните решенија кои како што вели премиерот Заев ќе ги сработиме до крајот на годината. Шефот на Владата тврди- нема менување на учебниците по историја, ниту на музеите. На спомениците се менуваат термините бугарски фашистички окупатор. Мора да градиме пријателство, но нема место за говорот на омраза, категоричен Заев.

Премиерот рече дека Македонија е подготвена да ѝ понуди на Бугарија да биде втората земја која ќе го чува нашето небо, затоа што Грција е првиот партнер во оваа област.

Бугарскиот претседател на средбата со еврокомесарот за проширување Вархеји истакнал дека декларациите и ветувањата во дијалогот со Македонија повеќе не функционираат. За да се забрза процесот на нашата европска интеграција, Бугарија очекува јасни правно- обврзувачки одлуки што ќе доведат до одржливи и неповратни резултати. Официјална Софија тврди дека Скопје не го почитува Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

 

Милчо Велески