Заев останува на ставот дека одлуката за оставките ќе ја донесе согласно информациите од истрагата

22.09.2021 13:57

Заев денеска повторно потврди дека останува на ставот оти ќе ги чека информациите од истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово, па потоа ќе донесе одлука за оставките на двајцата директори на болницата, министерот и заменик министерот за здравство...

Премиерот Зоран Заев денеска повторно потврди дека останува на ставот оти ќе ги чека информациите од истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово, па потоа ќе донесе одлука за оставките на двајцата директори на болницата, министерот и заменик министерот за здравство.

„Секако останувам на ставот на тоа што го соопштив, согласно информациите од истрагата јас ќе го соопштам ставот по етичкиот однос на поднесувањето на оставките на директорот на болницата, на економскиот директор, на министерот за здравство и на заменик министерот за здравство“, рече Заев на прес-конференцијата во Владата.

Се надева час поскоро дека ќе заврши истрагата, заради тоа што, како што рече, граѓаните чекаат да добијат информација за тоа што точно се случило и кои се причините за пожарот.