Оптимизам меѓу бизнисмените за поголем раст во вториот квартал
Бизнис заедницата со оптимистички прогнози за вториот квартал од годинава.

Заздравувањето во Еврозоната, но и најавениот инвестициски бум во инфраструктурата ќе влијаат позитивно врз бруто домашниот производ, велат бизнисмените
„Ние ги баравме овие инвестиции затоа што секој мора да се најде во нив, дали директно или индиректно ќе учествува во нив. Очекуваме дека со почетокот на изградбата на автопатиштата и делот со железницата, она што се најавува од Владата и кредитите кои веќе се повлечени, ние ќе се најдеме тука, сигурно, и сметам на тоа дека ќе имаме работа годинaва“, вели Аце Антевски, генерален директор на Раде Кончар.
Од 2005 година до сега, вложувањата во големи проекти забележале раст од 120%.
За капитални инвестиции годинава од буџетот се издвоени 365 милиони евра, за 20% повеќе од лани. Но, и економистите и бизнисмените сугерираат целосна реализација на планираните проекти.
Професорот Томе неновски, вели дека реализацијата на капиталните инвестиции ќе ја подобри конкурентноста на домашната економија.
„Самите стопанственици од реализација би очекувале намалени трошоци во железничката инфратсрктура, побрз протек на стоки, побрз проток на патници“, изјави професорот Томе Неновски.
Капиталните инвестиции се главниот адут на државата да ја раздвижи економијата и да создаде подобри услови за привлекување странски инвеститори и подобро работење на домашните компании.
Соња Јованова- Наумовска
