Стабилна епидемиолошка состојба во Прилеп
Иако епидемиолошката состојба во Прилеп се оценува за стабилна, не е за опуштање и таа директно зависи од процентот на вакцинираните кој треба да се зголеми. Почна и вториот круг теренска имунизација во населените места во регионот. Инциденцата на заразата бележи пад од 23 проценти, стабилна се смета и ситуацијата во училиштата и градинките. Инаку, нема нови детали во истрагата за инцидентот со електричната табла до модуларната...

Епидемиолошката состојба во Прилеп е стабилна, но не е за опуштање, оценуваат епидемиолозите од Центарот за јавно здравје. Последениве две недели има пад на инциденцата од 23 проценти. Стабилноста е поврзана со бројот на вакцинираните кој треба да се зголеми.
За стабилна, без внатрешна трасмисија се смета и ситуацијата во училиштата и во градинките. Од почетокот на учебната година досега 16 ученици се позитивни, а 106 се во изолација. Во градинките нема зараза кај децата, две воспитувачки се позитивни, а 26 деца се во изолација.
Во регионалниот вакцинален пункт континуирано тече процесот на имунизација. Почна и вториот круг теренска вакцинација во населените места во Прилепско, Кривогаштанско и во Долненско.
Елизабета Митреска
