ДИК

Жители од Чучер Сандево ќе гласаат во Бутел

22.09.2021 16:03

Жителите од улиците Призренска и Бутелска во Чучер Сандево, ќе гласаат во општина Бутел. ДИК не го прифати поднесеното брарање за регулирање на гласачкото право. Единствениот избирачки список треба да биде заклучен на 24-ти септември, а една недела подоцна, на 1-ви октомври и потпишан...

Во избирачкиот список има стотици граѓани кои по лична карта живеат во една општина, а гласаат во друга. Таков е примерот со 686 луѓе од улиците Призренска и Бутелска во општината Чучер Сандево, кои гласаат во Бутел. Од Секторот за избирачки список велат дека не може да постапат затоа што има различни правни аргументи.

За овој проблем Државната изборна комисија се обратила до МВР, Град Скопје и Централниот регистар. Од министерството преку допис потврдиле дека улиците припаѓаат на општинaтa Чучер Сандево. Дел од членовите изразија несогласување за тоа каде треба да се впишат избирачите.

Со два гласа „за“ и пет „против“, ДИК одлучи да не го прифати предлогот овие гласачи да бидат префрлени во општината Чучер Сандево. Единствениот избирачки список треба да биде заклучен во петок, на 24-ти септември, а една недела подоцна, на 1-ви октомври и потпишан.

 

Викторија Милевска