Украина
Обид за убиство на советникот на Зеленски
22.09.2021 15:17
Украинските власти не ја исклучуваат можноста дека зад нападот можеби стои Русија. Од Москва демантираат.
Обид за убиство на советникот на украинскиот претседател, Сергеј Шериф. Врз неговото возило биле испукани повеќе од 10 куршуми. Тој го преживеал нападот, но неговиот возач во критична состојба е пренесен во болница.
Украинските власти не ја исклучуваат можноста дека зад нападот можеби стои Русија. Од Москва демантираат.
Претседателот Зеленски вети силен одговор по нападот. Шериф се смета за близок човек на шефот на државата, и е одговорен за неговиот дневен распоред.
