Дкск

Препораки за фер кампања

22.09.2021 17:06

Да нема оцрнување на противниците, злоупотребување на државните пари, ниту ветувања за нереални проекти - Антикорупциската со низа препораки за фер и демократски избори. Учесниците на дебатата посочуваат - со црни кампањи се губи довербата кај граѓаните, а излезноста е сѐ помала...

Пред стартот на кампањата за престојните локални избори Антикорупциската комисија со низа препораки за фер и демократски процес. Порачуваат на политичка култура, да нема оцрнување на противниците, ниту ветувања за нереални проекти. Избегнување на судир на интереси, поголема транспарентност на ДИК. На нивна адреса пристигнувале дојави од граѓани за трошење државни пари во предизборниот процес.

Од невладиниот сектор по спроведени анкети посочуваат дека политиката е доминантна во корупцијата.

На јавната дебата „Локални избори 2021 – интегритет на изборниот процес и на учесниците“, се алармира дека со црни кампањи се губи довербата кај граѓаните, а излезноста е сѐ помала. На дебатата изостана учеството на учесниците во изборниот процес.

Антикорупционерите бараат од политичките субјекти  фер и демократски избори и да нема злоупотребување на државните пари.

Наташа Гркова Петрушевска