Њујорк

Пендаровски ќе се обрати на 76. сесија на Генералното собрание на ОН

23.09.2021 09:26

Во рамки на учеството на Генералното собрание на ОН, предвидено е претседателот Пендаровски да има средба со генералниот секретар на Светската организација Антонио Гутереш, како и билатерални средби со шефови на држави и влади, учесници на Генералното собрание...

Претседателот Пендаровски денеска ќе се обрати на Генералната дебата на 76. Сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, што се одржува на тема „Градење отпорност преку надеж – опоравување од Ковид-19, одржливо обновување, одговор на потребите на планетата, почитување на правата на луѓето и ревитализација на Обединетите нации“.

Во рамки на учеството на Генералното собрание на ОН, предвидено е претседателот Пендаровски да има средба со генералниот секретар на Светската организација  Антонио Гутереш, како и билатерални средби со шефови на држави и влади, учесници на Генералното собрание.

Пендаровски вчера во Њујорк учествуваше на виртуелниот Глобален самит за борба против Ковид-19: „Крај на пандемијата и поставување на подобри основи како подготовка за следната“, организиран од претседателот на САД, Џо Бајден.

Претседателот оствари средба со претставници на организацијата Македонија2025, а ќе се сретне и со претставници на Американско-еврејскиот комитет во Њујорк, како и со претставници на дијаспората.