Заев на состанок со амбасадорите од ЕУ, земјава целосно подготвена да ги почне преговорите
„Северна Македонија ги заврши своите домашни задачи и е целосно подготвена да ги почне преговорите со Европската унија“, порака од премиерот Заев до амбасадорите на земјите-членки на ЕУ во земјава.

„Северна Македонија ги заврши своите домашни задачи и е целосно подготвена да ги почне преговорите со Европската унија“, порака од премиерот Заев до амбасадорите на земјите-членки на ЕУ во земјава.
Очекувањата се до крајот на словенечкото претседателство да се постигне напредок во евроинтеграциите.
На редовниот годишен состанок разговарано и за континуитетот во делот на реформските процеси, правосудството, борбата против корупцијата и реформите во јавната администрација.
Било разговарано и за текот на пописот, како клучна статистичка операција за натамошниот развој на државата на секој план, информираат од владината прес служба.
