КОВИД-19

САД одобри трета доза вакцина за најзагрозените групи

23.09.2021 09:51

Највозрасните граѓани и младите кои се најизложени на потенцијална зараза поради природата на работата или нивната здравствена состојба ќе може да ја примат најмалку шест месеци по првите две дози.

Агенцијата за храна и лекови на САД одобри трета доза од вакцините на Фајзер/Бионтек против Ковид-19.

Највозрасните граѓани и младите кои се најизложени на потенцијална зараза поради природата на работата или нивната здравствена состојба ќе може да ја примат најмалку шест месеци по првите две дози.

Од ФДА нагласија дека ваква можност ќе имаат и образовниот и угостителскиот сектор, како и затворениците и бездомниците.