Европски денови на културното наследство
Како и во повеќето европски земји земји, целта е да се сврти вниманието кон маргинализираните групи и лицата, кои на одреден начин се попречени во нивната желба да го запознаат нашето богато културно наследство.

Европските денови на културното наследство се најшироко прифатен културен настан кој што го споделуваат граѓаните на Европа. И во нашата земја, во тек се Деновите на културно наследство 2021. Се организираат во рамки на темата „Културно наследство за сите“.
Како и во повеќето европски земји земји, целта е да се сврти вниманието кон маргинализираните групи и лицата, кои на одреден начин се попречени во нивната желба да го запознаат нашето богато културно наследство.
Така, Музејот на РС Македонија донира училишни ранци и публикации од издавачката дејност на Музејот на деца со оштетен слух и говор, работилница организира Археолошкиот музеј за лица со Даунов синдром, Националната галерија работилница за деца со оштетен слух, говор и вид, како и изложба за деца од бошњачката заедница.
Музејот на македонска борба организира изложба „Фокус-инклузија и пристапност на музејските артефакти“, Меморијалниот музеј на холокаустот на Евреите организира тактилна изложба, а активн0сти имаат и Музеите во Битола, Демир Капија и Виница.
Аида Николовска
