АУКУС

Макрон ќе го врати во САД својот амбасадор

23.09.2021 10:52

Одлуката следува откако претседателот Џо Бајден се согласил дека дипломатскиот спор ќе бил спречен доколку се консултирале со Париз пред најавата за безбедносниот пакт АУКУС.

Францускиот претседател Емануел Макрон следната недела ќе го врати својот амбасадор во Соединетите држави. Одлуката следува откако претседателот Џо Бајден се согласил дека дипломатскиот спор ќе бил спречен доколку се консултирале со Париз пред најавата за безбедносниот пакт АУКУС.

Канбера го откажа договорот за подморници со Франција, вреден 40 милијарди долари. Австралискиот премиер Скот Морисон изјави дека неговите обиди за организирање на разговори со Макрон биле неуспешни.