Охрид

Завршува вежбата „Северна Македонија 2021“

23.09.2021 11:29

Во вежбата беа вклучени седумстотини учесници од 28 земји- членки и партнери на НАТО, кои според сценариото заеднички требаа да се справат со последиците по катастрофален земјотрес во Охридско- струшкиот регион...

Попладнево се заокружува четиридневната вежба „Северна Македонија 2021“ која што се одржа во организација на НАТО, Евроатланскиот центар и Центарот за управување со кризи.

Во вежбата беа вклучени седумстотини учесници од 28 земји- членки и партнери на НАТО, кои според сценариото заеднички требаа да се справат со последиците по катастрофален земјотрес во Охридско- струшкиот регион.

Вежбата беше одлична можност за подобрување и градење на националните капацитети за брз одговор при природни несреќи или катастрофи предизвикани од човек, велат од ЦУК.