Алжир го затвора воздушниот простор за авионите од Мароко

23.09.2021 11:38

Засега нема реакција од Мароко. Минатиот месец беа прекинати дипломатските врски.

Алжир го затвора воздушниот простор за марокански авиони. Причина е спорот меѓу соседните земји околу Западна Сахара.

Засега нема реакција од Мароко. Минатиот месец беа прекинати дипломатските врски.

Копнените граници се затворени од деведесетите години на минатиот век.