Иванов во Прилеп: „приоритет ќе ни бидат државата и економијата“

27.03.2014 23:10

„Годинава славиме 70 години од државноста на Македонија, 70 години од АСНОМ. И се започна од Прилеп, градот на народното востание за ослободување на Македонија, на идеологот Кузман Јосифоски Питу и првиот претседател Методија Андонов Ченто. Ние го исполнивме чентовиот завет – се исполни вековната желба на македонскиот народ за слобода и рамноправност, ги зачувавме идеалите за кои се бореа нашите предци“, рече кандидатот за претседател Ѓорге Иванов на вечерашниот митинг во прилеп кој поради поројниот дожд наместо на плоштадот, се одржа во спортската сала Сонце.

Во претходниот мандат имав преку 450 средби со државници и во ниту еден миг не ја заборавив основната цел – да ги бранам интересите на Македонија.  Имаме конкретни резултати , пред се за подобрување на економската состојба, рече Иванов.

„Еден од големите проекти е гасификацијата чија втора делница од Неготино преку Прилеп до битола од 91 километар е да обезбеди поевтина енергија, пониски цени, развој на македонската економија и производството. Најбитно е отворањето нови работни места за европска Македонија“, рече Иванов

„Македонија ја градиме заедно со Европа. Европа да биде во македонија. Со секоја нова реформа, со секој нов закон, со секое ново работно место. Во Македонија се отворија 120 000 нови работни места. До крајот на годината ќе се создадат услови за уште нови 10 000 нови работни места. Нови можности за младите да работат, да формираат семејства и да ја планираат иднината на своите деца. Веќе е изградена технолошко-индустриската развојна зона во Прилеп за која ќе се привлекуваат нови странски инвестиции за да отворат нови работни места за Прилепчани, рече Ѓорге Иванов, кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Се инвестира во земјоделството. Исплатени се половина милијарда евра за земјоделците, тутунарите, лозарите. СЕ градат и се обновуваат патишта и во прилепско – реконструиран е патот Прилеп-Македонски Брод, ќе се обновува прилепската железничка станица, училишта во населените места, а солидарноста е еден од столбовите на мојата платформа, рече Иванов. Во Прилеп почна да се градат 75 социјални станови, сае врати војската во касарната.  Работиме на зачувување на традицијата и туристичкото промовирање на манастирите ЗРЗЕ и Трескавец, рече Иванов на вечерашниот митинг во Прилеп.

„Ќе продолжиме со реформите дома и со политиката на отвореност на дијалог соработка кон надвор. Македонија ја приближуваме икон Европа, но истовремено Европа ја градиме во Македонија со конкретни проекти. И во следниот мандат, приоритет ќе ни бидат државата и економијата кои создаваат нови работни места“, рече Иванов.

На патот кон Европа Македонија нема да се откаже од сопствениот идентитет зашто македонските граѓани сами одлучуваат  за своите клучни национални прашања, рече Иванов.

„Како претседател нема да прифатам промена на Уставот со цел промена на уставното име. Нема да прифатам идеи и предлози кои би ги загрозиле македонскиот национален идентитет, посебноста на македонската нација, македонскиот јазик и македонскиот модел на соживот“, рече Иванов.

Кандидатот за претседател на ВМРО- ДПМНЕ и на коалицијсат за Подобра Макеоднија, Ѓорге Иванов, повторно ја побара поддршката на Прилепчани за нов мандат  за да се оствари најголемата цел – економски раст и равој на Македнија.

„Каде и да одев, ја промовирав македонската економија, македонските можности. Така ќе биде и во иднина. Знаеме каде одиме и што сакаме за да ги одствариме програмските цели што го обединуваат македонското општество – Европа во Македонија и Македонија во Европа, држава и економија кои создаваат нови работни места и Македонија дом на благостојба за сите. Тоа ќе се оствари со напорна работа и соработка на релација претседател- собрание- влада-општина, стопанство и универзитети, зашто државата е пред се, рече Иванов.

На Митингот говореа Зоран Петров од Демократскиот СОјуз,, претседателот на сојузот на ромите Амди Бајрам,  Љупчо Димовски од Социјалистичката партија и Спиро Ристески од ВМРО- ДПМНЕ.