Подмладоци на 34 партии потпишаа Декларација за фер, слободни и демократски избори
Целта на документот е да прати порака до јавноста дека младите политичари, како идни носители на одлуки, имаат волја, капацитет и одлучност да бидат идни лидери и да создадат поинаква политичка култура, издигнувајќи го политичкиот дијалог на повисоко ниво.

34 претставници на подмладоците на политички партии потпишаа Декларација за фер, слободни и демократски избори. Целта на документот е да прати порака до јавноста дека младите политичари, како идни носители на одлуки, имаат волја, капацитет и одлучност да бидат идни лидери и да создадат поинаква политичка култура, издигнувајќи го политичкиот дијалог на повисоко ниво.
Потписниците на декларацијата велат - имаме одговорност пред нашите врсници да покажеме дека имаме капацитет, знаење и способност да водиме фер кампања и дадеме свој придонес во овие локални избори, за да бидат слободни и демократски.
Тие ги повикуваа младите да го искористат своето право на глас и избор.
Александра Спировска
