Ковид-19

Нема зголемување на процентот на заразени деца во училиштата

23.09.2021 13:41

При денешната посета на Битола министерката Мила Царовска рече дека на државно ниво нема зголемување на досегашниот процент на новозаразени ученици. Во Битола засега регистрирани се само 12 ученици инфицирани од вирусот и уште десетина се испратени во домашна изолација …

Засега релативно стабилната епидемиолошка слика во општината по налетот на четвртиот ковид бран се одразува и во битолските училишта. Настава со физичко присуство посетуваат околу 7.500 основци и над 3.600 средношколци. Процентот на заразеност засега е незначителен, велат од општината.

Во домашна изолација има уште десетина ученици. Показатели кои говорат дека засега нема потреба од некаква трансмисија на образовниот процес. Обработените податоци на државно ниво на дневна основа покажуваат дека нема зголемување на досегашниот процент, вели ресорната министерка.

На средбата со директорите на битолските училишта, посочи максимално да се почитуваат протоколите, но и постапките кога е утврден позитивен случај, кога постои сомнение или кога ученикот по изолацијата треба да се вклучи во наставниот процес.

Стевче Митревски