Партиите со меѓусебни обвинувања кој ги кочи законските решенија
Собранието во лер, партиите со меѓусебни обвинувања кој ги кочи законските решенија. Социјалдемократите тврдат дека ВМРО-ДПМНЕ блокира неколку решенија од интерес на граѓаните, меѓу кои и она за недела неработен ден. Опозицијата, пак, реагира дека власта не сака да се формира анкетна комисија за причините за пожарот во тетовската модуларна болница...

Собранието никако да го искористи рокот за работа до почетокот на локалните избори. Мнозинството ја обвини опозицијата дека го кочи донесувањето на 40 закони. Од СДСМ велат дека се заглавени оние решенија коишто не може да се донесат со европско знаменце оти немаат поврзаност со европското законодавство. Заглавени се законот за недела неработен ден којшто требаше да почне да се спроведува од 1-ви октомври, оној за војниците со навршени 45 години кои не можат да добијат опремнина или нова јавна служба, за наставниците коишто чекаат решавање на нивниот статус и поголеми плати, а граѓаните не можат да добијат отпис на каматите за долговите, велат од СДСМ.
Од опозициската партија, пак, обвинија дека СДСМ одбива формирање анкетна комисија за испитување на пожарот во тетовската модулрана болница, во кој загинаа 14 пациенти. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека не ги кочат законите во собраниските комисии со кои претседаваат.
Собранието нема да заседава за време на изборната кампања и локалните избори, освен за итни ситуации.
Ирина Гелевска
