Политичките партии потпишаа Кодекс за фер и демократски избори
Учесниците на локалните избори го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори, што го усвои ДИК. Се обврзаа на почитување на принципите на демократија и доброто владеење, да не вршат притисок врз гласачите, и да не се користи говор на омраза и дискриминација врз основа на пол...

Претставници на сите политички партии и независните кандидати за градоначалници и советници го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори. Презедоа одговорност дека ќе ги почитуваат принципите на демократијата и доброто владеење. Во Кодексот годинава е додадена одредба по однос на дискриминација по основ на род.
Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Дашковски, посочи дека учесниците на изборите го поставуваат фундаментот на демократијата. Мора да има здрава правна рамка и непристрасна администрација за спроведување на изборите. Медиумите треба да бидат слободни да собираат информации од политичка важност, рече Даштевски.
Од Националниот демократски институт порачаа дека за време на изборите не смее да има никаков говор на омраза и мора да се одбегне секаков вид дискриминација.
Седмите по ред локални избори од независноста на земјава се одржуваат на 17-ти октомври. Кампањата почнува на 27-ми септември и ќе трае до 15-ти октомври.
Игор Панов
