Пендаровски во Гостивар: „ниедна победа нема да вреди ако Македонија е поразена“

27.03.2014 23:57

„Ќе бидам претседател на сите граѓани во државата без разлика на нивната партиска ,верска или етничка припадност“, рече Стево Пендаровски претседателскиот кандидат на на социјал демократскиот сојуз на митингот во гостивар.

Иако претходно се тврдеше дека е непартиски кандидат Пендаровски вечерва со директен одговор за припадноста.

И во Гостивар, Пендаровски е без првите луѓе на социјал демократскиот сојуз, впечативо е дека на митингот немаше ниту обраќање на некој од општинската организација на градот, а гооворот на младите социјал демократи беше истиот оној кој се читаше и во Кавадарци. Стево Пендаровски за приоритетите го смета сочувувањето на народот.

„Ни една изборна победа нема да вреди ако Македонија е поразена“, истакна Пендаровски

Говорејќи пред гостиварчани рече дека ќе се залага за еднаквост и правда.

„Од претседателот се очекува да одговори на сите предизвици и да е двигател на процесите во државата“ вели Пендаровски.

За него мерило за успешен претседател е дали придонел за решавањето на проблемите во државата. Кандидатот за претседател на социјал демократите смета дека решавањето на спорот за името претставува државен компромис. Решението е со внатрешна кохезија и во сојуз со најголемите во светот.

„Во една држава мора да владеат правото и демократијата, правосудството полицијата и сите институции на власта мора да ја гарантираат правната сигурност за луѓето и за правните субјекти- вели Пендаровски. Ќе се залагал за демократски вредности , човечко достоинство и граѓански слободи. Не смее никој да го прескокнува уставот и да наметнува други вредности кои не се заеднички за сите во државата“ додаде Пендаровски

Миле А. Ристевски