Мицкоски: Ќе ја платиме политичката цена и ќе го корегираме барањето за анкетна комисија

23.09.2021 15:36

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека им дал збор на семејствата на настраданите во пожарот во тетовската модуларна болница, дека вистината ќе излезе на виделина и ќе има одговорност за виновниците.

Ќе ја платиме политичката цена и ќе го корегираме барањето за анкетна комисија, појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите, откако Џафери го одби предлогот.

Рече дека им дал збор на семејствата на настраданите во пожарот во тетовската модуларна болница, дека вистината ќе излезе на виделина и ќе има одговорност за виновниците.

Мицкоски најави дека на локалните ќе одат под слоганот: „Создади нова иднина - промени, проекти, победи“. Традиционално, изборниот карван ќе го почнат од Охрид.

Мицкоски рече дека очекува победа во најмалку 39 општини и посочи дека ќе коалицираат за стабилност во советите, а ќе дадат поддршка на коалициските партнери од албанскиот блок во општините каде немаат кандидат.

И додека тој вели дека водат на анкетите, од СДСМ велат дека Мицкоски ќе биде сигурен губитник.

„И тие добро знаат дека коалицијата ‘Најдоброто за вашата општина’ предводена од Заев и СДСМ е апсолутен фаворит на изборите“, велат Социјалдемократите.