Нов систем за пријавување неправилности и корупција
Од утре во функција нов систем за пријавување неправилности и корупција во работењето на администрацијата. Ќе функционира и електронски и по пат на телефон...

Преку Електронски систем за поднесување електронски поплаки и пријави, поврзани со услугите на јавната администрација, граѓаните ќе поднесуваат забелешки и пријави за корупција. Повикувачкиот центар ќе работи од 8 до 16 часот во работни денови. Според вицепремиерот за борба против корупцијата Николовски, ова праќа јасна порака за политичка волја во борбата против корупцијата.
Министерот за информатичко општество и администрација, Шаќири оцени дека со користење на овој систем ќе се заштедат часови чекање на шалтерите, многу нервоза и ќе се спречи корупција.
Системот ќе генерира месечни извештаи за вкупен број примени пријави, претставки и предлози. Овие извештаи, потенцира Николовски, ќе бидат основа за соодветни анализи за предлагање на соодветни мерки и активности во конкретните области.
Марина Стојанова Тонева
