Пендаровски: Подготвени сме за дијалог со Бугарија
Подготвени сме да се вклучиме во конструктивен дијалог со Бугарија за целосно спроведување на Договорот за доброседство и соработка – оваа порака ја испрати претседателот Пендаровски во обраќањето на 76-то Генерално собрание на Обединетите нации. Шефот на државава предупреди дека ќорсокакот во евроинтегративниот процес ги фрустрира граѓаните, но отвора и простор за геополитички натпревар и за поинакви модели на владеење. Пендаровски побара преиспитување на идејата за обединета Европа и посочи дека е итно потребен пробив на полето на интеграциите…

Ако сакаме стабилен и просперитетен Западен Балкан мора да разбереме дека итно е потребен пробив на планот на европските интеграции, рече шефот на државата Пендаровски во обраќањето на 76-тото Генерално собрание на Обединетите Нации. Актуелниот ќорсокак, рече претседателот, ги фрустрира граѓаните и постојано го намалува нивниот ентузијазам за позитивни промени. Зборувајќи за договорот со Грција како позитивен пример за решавање на сложени прашања, Пендаровски истакна дека државата е подготвена за конструктивен дијалог со Бугарија за, како што рече, целосна имплементација на Договорот за добрососедство.
Конфликтите, тероризмот и хибридните закани ги загрозуваат мирот, човековите права и слободи, предизвикувајќи хуманитарни катастрофи и бранови бегалци, рече Пендаровски. Претседателот посочи на хуманиот гест на земјава да згрижи стотици луѓе од Авганистан кои долги години работеле за агенциите на ОН.
Климатските промени, заклучи Пендаровски се најголемиот предизвик на нашето време и затоа, тој ги повика светските лидери заеднички да му пристапат на ова прашање. По обраќањето во генералното собрание на Обединетите нации, шефот на државата на средба со генералниот секретар на организацијата, Антонио Гутереш.
Анита Димитријевска Велковска
