Регистрација на бачилата
Просториите на бачилата за производство на сирењето на традиционален начин треба да бидат регистрирани

Оваа законска обврска досега ја исполниле само 10 производители.
За таканаречените мандри на бачилата за производство на овчо и козјо сирење на традиционален начин, мора да се исполнуваат минимални стандарди.
Главно за градбата на објектитот, опремата и хигиената, како услови за безбеден производ.
Трошоците за регистрација се минимални, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство, а бенефитот е голем за производители и за потрошувачите.
Условите кои треба да се исполнат за регистрација се едноставни, а за поголемиот дел од мандрите се потребни само минимални прилагодувања.
Производството веќе се контролира, а со регистрацијата ќе се гарантира потеклото и квалитетот на сирењето.
