Обединети нации

Пендаровски- Гутереш: Деблокадата на евроинтеграциите е од интерес за стабилноста на регионот

24.09.2021 09:31

Двајцата соговорници на средбата размениле мислења и информации за актуелната состојба во однос на европската перспектива на државата, вклучувајќи го отвореното прашање со Република Бугарија. Констатирано е дека деблокадата на евроинтегративниот процес е од интерес за стабилноста и просперитетот на регионот и на Европа во целина...

Во рамкитe на учеството на 76. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк, претседателот Стево Пендаровски, оствари средба со генералниот секретар на светската организација, Антонио Гутереш. Притоа биле разменети мислења за севкупните активности на државата, како и за улогата на организацијата во справувањето со глобалните прашања.

Двајцата соговорници размениле мислења и информации за актуелната состојба во однос на европската перспектива на државата, вклучувајќи го отвореното прашање со Република Бугарија. Констатирано е дека деблокадата на евроинтегративниот процес е од интерес за стабилноста и просперитетот на регионот и на Европа во целина.

Генералниот секретар Гутереш на средбата, оддал признание за покажаната солидарност од Република Северна Македонија, со вклучувањето во глобалната хуманитарна акција за привремено прифаќање на граѓани од Авганистан.

На средбата била истакната важноста на Преспанскиот договор, склучен под покровителство на Обединетите нации, како пример, дека и најкомлексните отворени прашања може да се разрешат, доколку за тоа постои политичка волја и силно лидерство, соопшти кабинетот на претседателот Пендаровски.