Попис 2021
Попишани вкупно 1.383.434 лица
24.09.2021 09:52
Денеска е 20-тиот ден од Пописот 2021 и до крајот остануваат уште шест дена пописни активности.

Вкупно 1.383.434 лица, 431.573 домаќинства и 595.754 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика.
Денеска е 20-тиот ден од Пописот 2021 и до крајот остануваат уште шест дена пописни активности.
Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 195.477 лица.
Пописот на населението, домаќинствата и становите во земјава, кој официјално започна на 5-ти септември ќе трае до 30-ти септември.
