Бројот на заразени со Ковид-19 во светот надмина 230 милиони
Според податоците на „Ворлдметер“ заклучно со 24-ти септември, бројот на случаи со вирусот Ковид-19 достигна 230.985.679. Од компликации од вирусот починале 4.734.917 луѓе ширум светот.

Бројот на заразени со коронавирус во светот од почетокот на пандемијата надмина 230 милиони. На врвот се Соединетите Американски Држави со најголем број инфицирани со Ковид 19 – 43.405.000. Следуваат Индија, Бразил, Велика Британија, Русија, Франција, Турција, Иран и Аргентина.
Според податоците на „Ворлдметер“ заклучно со 24-ти септември, бројот на случаи со вирусот Ковид-19 достигна 230.985.679. Од компликации од вирусот починале 4.734.917 луѓе ширум светот.
Во меѓувреме комисијата на Светската здравствена организација препорача употреба на коктели од антитела против Ковид-19, развиени од компаниите „Регенерон“ и „Рош“, за пациенти со висок ризик од хоспитализација, како и за оние кои се сериозно болни и немаат природни антитела.
Терапијата во моментов се разгледува во Европа, додека Британија ја одобри минатиот месец.
