Македонија

Предлог за продолжување на концесиите за ловство

24.09.2021 10:02

На концесионерите на ловиштата да им се овозможи да поднесуваат барања за нејзино продолжување за една година, предлага група пратеници во измените на Законот за ловство кои се во собраниска процедура. На овој начин според предлагачите оние кои стопанисуваат со ловните региони ќе можат да бидат корисници на средствата и на поволностите од петиот пакет на антикризните мерки...

Концесионерите на дивеч на ловиштата кои пред први февруари 2021 година имаат склучено важечки договор за концесија на дивеч во ловиште, може во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон до Министерството за земјоделство, да поднесат барање за склучување на Анекс на договорот за продолжување на периодот на концесија за времетраење од една година без плаќање на надоместок.

Според образложението на предлогот со ова дополнување се овозможува да се спроведе мерката за користење на ваквата помош од Петтиот пакет анти кризни мерки во кои како значајна стопанска дејност е опфатено и ловството.

Анекс на договорот може да поднесе коцесионерот кој нема заостанати обврски кон државата за доспеан а неплатен надоместок за концесија на дивечот во ловиштето.

Според моменталната состојба, се работи за 181 ловиште во државава кои ги исполнуваат условите и за кои би можело да се направат Анекси на договорот, а надоместокот за кој ќе бидат ослободени од плаќање за врема на периодот од една година е во висина од вкупно 12,6 милиони  денари. 

Методија Трајков