САД

Вооружен напаѓач отвори оган во супермаркет во близина на Мемфис, Тенеси

24.09.2021 10:48

Началникот на полицијата изјави дека некои од застреланите се со сериозни повреди, со што бројот на жртвите од трагедијата може да се зголеми.

Најмалку едно лице загина, а 12 се повредени откако вооружен напаѓач отвори оган во супермаркет во близина на Мемфис, Тенеси.

Според полицијата, напаѓачот починал од „самонанесена прострелна рана“. Началникот на полицијата изјави дека некои од застреланите се со сериозни повреди, со што бројот на жртвите од трагедијата може да се зголеми.

Сѐ уште не се познати мотивите за нападот.