Каталонија
Лидерот на каталонските сепаратисти, Пуџдемон уапсен на Сардинија
24.09.2021 11:46
Пуџдемон се очекува да се појави на суд на сослушување по што би можел да биде екстрадиран во Шпанија за да се соочи со обвиненија за бунт.

Лидерот на каталонските сепаратисти Пуџдемон е уапсен на Сардинија по шпанската потерница. Пуџдемон се очекува да се појави на суд на сослушување по што би можел да биде екстрадиран во Шпанија за да се соочи со обвиненија за бунт.
Поранешниот жител на Каталонија ја напушти земјата по референдумот за независност во 2017-та година. Тој сега живее во Белгија и е член на Европскиот парламент.
