Политика

За Мицкоски изајвата на Заев за бришење на бугарски, пред фашистички окупатор е шокантна

24.09.2021 13:26

Заев тоа нека им го каже на внуците, синовите и ќерките на луѓето кои своите животи ги загубија во Треблинка, уапсени и ставени во вагони од страна на бугарскиот фашистички окупатор, нагласи Мицкоски.

За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, изјавата на премиерот Заев за бришење на бугарски од пред фашистички окупатор, во учебниците за историја  е шокантна.

Заев тоа нека им го каже на внуците, синовите и ќерките на луѓето кои своите животи ги загубија во Треблинка, уапсени и ставени во вагони од страна на бугарскиот фашистички окупатор, нагласи Мицкоски.

„Шокантно. Ние не сме Талибанци да бришеме историски факти и веднаш при промената на власта, ќе ги вратиме тие факти како што ги признава светската историја. Тие биле фашисти, ние сме се бореле против тие фашисти и наместо да бараат да бришеме учебници, треба да дојдат и да му се извинат на овој народ“, истакна Мицкоски пред состанокот со претставниците на Стопанската комора на северозападна Македонија.

Мицкоски нагласи дека кога тие ќе ја освојат власта ќе ја вратат придавката, онака како што ја признава светската историја.