Локални избори
Апасиев: Левица е оштетена за над 100.000 евра за платено политичко рекламирање
24.09.2021 13:44
Според новиот Изборен законик, само 7 насто се предвидува за парламентарните партии, кои немаат пратеничка група, како што е Левица. Обвини дека за ваква распределба биле протуркани уште шест помали партии...

Лидерот на Левица, Апасиев се пожали дека партијата била општетена за повеќе од 100.000 евра за платено политичко рекламирање.
Посочи дека според новиот Изборен законик, само 7 насто се предвидува за парламентарните партии, кои немаат пратеничка група, како што е Левица. Обвини дека за ваква распределба биле протуркани уште шест помали партии.
Левица поднела приговори до Агенцијата и до ДИК, а најави и кривични пријави за овие институции.
